Ова е најскапата раса на кучиња на светот: Кутрињата чинат и до 2 милиони долари

Точка

01/09/2023

15:49

7.767

Големина на фонт

а а а

Наместо вдомување, некои сопственици одлучуваат да купат миленик.

Најскапо продадено куче на светот е кутре од расата златен тибетски мастиф за кој еден Кинез издвоил дури 2 милиони долари. Во моментот на продажбата кученцето тежело 90 килограми и било високо 80 центиметри.


Терминот мастиф Европејците го користеле за сите големи раси на кучиња, па го користеле и за ова кутре кое всушност е тибетско планинско куче или хималајско планинско куче. Потекнува од номадските култури на Тибет, Кина, Индија, Монголија и Непал.

Како што сугерира името, расата потекнува од Тибет, каде што (вклучувајќи го и регионот на Хималаите) се користела како куче чувар за стоката, но и за куќата на своите господари. До средината на 20-от век, расата, која е позната и под името „Do Khyi“ во Европа била речиси непозната, а токму европските одгледувачи се најодговорни што не изумрела.


Постојат неколку легенди за неговото потекло. Една од нив вели дека тибетскиот мастиф пристигнал во Централна Азија следејќи го Атила Хунот. Постои и легенда која вели дека тибетскиот мастиф е „Божјо куче“, бидејќи претставува трансформација на тибетски свештеник во куче.

По спектакуларната продажба од 2 милиони долари, одгледувачите започнале да ги одгледуваат овие кучиња, но се утврдило дека се многу скапи за одржување.


Тибетскиот мастиф не е куче за секого бидејќи неговата социјализација одзема многу време.

Овој вид се смета за една од најздравите раси на кучиња, имајќи предвид дека во текот на процесот на еволуција бил отпорен на повеќето болести од кои заболуваат кучињата. Неверојатен факт е дека во текот на својот живот во повеќето случаи оваа раса на кучиња не заболува од ниту една болест, па затоа спаѓа во групата на многу здрави животни.