(Видео) Рап песна за апсењето на Трамп е на врв на рап-листата во САД: Направена е со вештачка интелигенција

Точка

31/08/2023

08:35

4.317

Големина на фонт

а а а

Американскиот рапер познат под името „Hi-Rez“ со помош на вештачка интелигенција го генерирал гласот на Доналд Трамп на „iTunes“ и ја објавил рап песната насловена „First Day Out“. Минатата недела Трамп беше уапсен, а по интернетот вирална стана неговата фотографија од затвор.

Како што и се случува секогаш, на интернет се појавија безброј „мемиња“ со фотографијата на Трамп, а сега и овој американски рапер се надворза со песна за случајот со апсењето.


„First Day Out“ се искачила на второто место на „iTunes“ од листата на 40 најдобри хип-хоп песни во САД.

За што станува збор во песната

Во дигитална имитација на поранешниот претседател Доналд Трамп, раперот замислува како се чувствувал Трамп по апсењето, а потоа и по ослободувањето од затворот. „Надвор од ќелијата, надвор од ќелијата, веќе нема да ги видам ѕидовите внатре во затворот“ се дел од стиховите на песната.


„Hi-Rez“ не изумил да ја спомне и фотографијата од затворот: „Овие обвинители се однесуваат глупаво / Мојата фотографија е вредна милијарди / продадов некоја роба и заработив милион“ продолжува песната.

Низ стиховите се спомнуваат многу теми за кои Трамп зборува на своите јавни настапи.

Песната била направена за 30 минути

Раперот изјавил дека песната ја направил само за шега, меѓутоа таа добила преголемо внимание на социјалните мрежи. На Твитер има повеќе од 2.9 милиони прегледи. „Мојата оригинална музика ќе ја објавам за неколку недели, сега се занимавам со ова. На кој не му се допаѓа, нека не ме следи, не ми е грижа. Мене ми е забавно“ – изјавил тој.