„Не видов која земја е!“ Албанката пеела обвиена со српско знаме, а потоа се извинувала и оправдувала

Точка

27/08/2023

18:44

11.487

Големина на фонт

а а а

Пејачката Рита Ора, родум од Приштина, но со адреса во Лондон, повремено предизвикува многу коментари кај луѓето.

На социјалните мрежи се појавило видео на кое се гледа како таа е обвиена во српско знаме на настап во Унгарија.

По многуте негативни коментари од албанските обожаватели, се огласи Рита Ора во врска со видеото на кое се гледа завиткана со српското знаме.

Додека Албанците во коментарите на социјалните мрежи и велат дека е „предавник“ и дека „треба да и се забрани влез во Косово“, Рита тврдела дека не знаела дека ѝ го дале српското знаме.

„За време на настапот на фестивалот „СЗИН“ во Унгарија, еден обожавател ми подаде знаме. Поради силната светлина што одеше директно во моите очи, не можев јасно да видам чие знаме држам. Кога се симнав од сцената, видов дека тоа е српско знаме, а не унгарско знаме“, изјавила Рита за локалните медиуми и додала:

„Иако ги ценам сите мои обожаватели од сите земји и култури, сакам да кажам дека сум горда Албанка од Косово и никогаш не ми беше намерата да не го почитувам моето наследство или да го вознемирувам мојот народ или семејство“.

Инаку, под видеото на кое е со спрско знаме имало многу коментари и од Србија, па додека едни прашувале „што е ова?“, други веќе се шегувале на сметка на пејачката и нејзиното име, а во описот на видеото пишувало – Ристана Ориќ.

Рита инаку е позната по покажување на двоглавиот орел на своите настапи.