Давид Де Хеа е слободен агент и многу медиуми го поврзуваа со трансфер во Баерн Минхен, но барем засега бундеслигашот има поинаков приоритет.
Угледниот германски новинар Флоријан Плетенбург тврди дека прв фаворит на тренерот Томас Тухел и спортскиот директор е Стефан Ортега.
Се работи за вториот голман на Манчестер Сити, кој добива ограничена минутажа од Пеп Гвардиола, но досега импресионираше при секој настап во редовите на англискиот шампион.
Засега не е јасно дали Пеп Гвардиола би се откажал од германскиот голман кој дојде во Сити минатата година од Арминија, а конкретни преговори ќе има по Суперкуп обврските на премиерлигашот.
Истиот новинар пренесува дека Де Хеа дал зелено светло за соработка со Баерн и дека финансиските услови нема да претставуваат проблем, но клубот ќе ја чува оваа алтернатива како „план Б“.