„iPhone 15“ ќе пристигне на 13 септември? Еве што знаеме

Точка

04/08/2023

20:47

10.083

Големина на фонт

а а а

Додека „iPhone 15“ и „15 Plus“ се очекува да го користат истиот „A16 Bionic“ чип како „iPhone 14 Pro“, „iPhone 15 Pro“ и „15 Pro Max“ ќе го користат новиот „A17“ чип.

Според информациите објавени на „9to5Mac“, „Apple“ планира да ја објави својата нова серија телефони „iPhone 15“ веќе во третата недела од септември. Извештаите наведуваат дека мобилните оператори бараат од своите вработени да не земаат слободни денови на 13 септември, што укажува на потенцијално важно лансирање на паметни телефони.

Иако „Apple“ обично одржува настани за претставување на „iPhone“ во вторник, ланското претставување беше одржано во среда, на 7 септември. Со оглед на тоа што 13 септември е среда, овој датум би можел да биде избран за специјалниот настан на „Apple“.


Доколку се остварат предвидувањата и „iPhone 15“ навистина биде претставен на 13 септември, очекуваме нарачките да започнат на 15 септември, со официјално лансирање на 22 септември. Сепак, секогаш се можни ненадејни промени, како што беше случајот со моделот „iPhone 14 Plus“, чија продажба беше одложена за 7 октомври минатата година поради проблеми со снабдувањето.

Новите модели на „iPhone 15“ се очекуваат со малку заоблени рабови, потенки рамки на екранот, технологија „Dynamic Island“ и „USB-C“ приклучок, наместо сегашниот „Lightning“ порт. Додека „iPhone 15“ и „15 Plus“ се очекува да го користат истиот „A16 Bionic“ чип како „iPhone 14 Pro“, „iPhone 15 Pro“ и „15 Pro Max“ ќе го користат новиот „A17“ чип.


Постои можност продажбата на еден од моделите на „iPhone 15“ да биде одложена, но други извори тврдат дека сите нови модели ќе бидат достапни за продажба веќе во септември, и покрај потенцијалниот недостиг.