Политичките говори да изостанат од прославите за Илинден за да се избегне лошата слика, предлага ВМРО-Народна

Макфакс

03/08/2023

13:24

886

Големина на фонт

а а а

И оваа година за Илинден не изостана лошата слика на македонското секојдневие произлезено од длабоката поделба помеѓу граѓаните, а кое резултира со повторно сквернавење на најголемиот празник, 2 Август – Денот на Републиката и Илинденското востание“, оценуваат од ВМРО-Народна партија.

„Со оглед на тоа како помина овогодинешната но и како се реализирани минатогодишните прослави на Илинден во Крушево, ВМРО-Народна партија смета дека својата идеја од пред една година е сѐ уште актуелна, па уште еднаш упатува повик до сите политички партии, институции и широката македонска јавност“, додаваат од партијата.

ВМРО-Народна партија предлага од идната година политичките говори да изостанат од прославите во Крушево и Пелинце, односно ден пред Илинден да биде организирана свечена академија, на која ќе се испратат политички пораки, а на Втори август да се организираат достојни културно-уметнички чествувања во меморијалните центри во Крушево и Пелнице.

Сметаат дека со оваа идеја која треба да добие широка поддршка од целата општествено-политичка јавност ќе доведе намалување на поларизацијата на македонското општество како и обединување на граѓанската свест која особено на ваквите големи денови за Републиката треба да испрати јасна порака за колективно единство за сите општествено политички прашања и процеси, кои се во интерес на Северна Македонија.

„Уште еднаш се надеваме дека оваа идеја ќе биде добронамерно примена и прифатена од сите политички субјекти“, питенцираат од ВМРО-Народна.