(Видео) Расфрлани државни документи по улиците во Москва по нападот со дрон, зградата ја користеле министерства

Макфакс

30/07/2023

12:30

3.972

Големина на фонт

а а а

Документи беа расфрлани по улиците по нападот на украински дрон врз зграда во Москва.

Според информациите, зградата ја користеле три министерства во земјатаМинистерството за економски развој, Министерството за индустрија и трговија и Министерството за комуникации, а според некои извори шест институции биле сместени во објектот.

Украински дронови утрово ја нападнаа Москва, пришто оштетени се две деловни згради. Повреден бил еден чувар, но нападот поминал без жртви.