Најголема мистерија во Кина: Ши Џинпинг го смени шефот на дипломатијата, никој не го видел еден месец, на негово место доаѓа познато лице

Точка

25/07/2023

21:18

2.625

Големина на фонт

а а а

Чин Ганг, кој не е виден во јавноста од јуни оваа година, е сменет денеска од местото кинески министер за надворешни работи, објавиле државните медиуми.

Негов наследник ќе биде Ванг Ји, досегашен директор на Канцеларијата на Комисијата за надворешни работи при Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, пренесува кинеската телевизија „CCTV“.

Одлуката за смена на шефот на дипломатијата е донесена на посебна седница на Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес, која е одржана денеска, пишува „South China Morning Post“.


Весникот наведува дека објавата за смената на Чин доаѓа по една недела шпекулации за неговата судбина. Се додава дека неговото отсуство доминирало во политичките дискусии во земјата, како и дека таа тема се развила во една од најголемите кризи за претседателот Ши Џинпинг од почетокот на неговиот трет мандат.

Чин некогаш бил помошник од доверба на Ши и брзо напредувал од портпарол во Министерството за надворешни работи до заменик министер, пишуваат кинеските медиуми.

Во јули 2021-ва година, именуван е за амбасадор на Кина во САД, а 17 месеци подоцна станал министер за надворешни работи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг