Стигнува обид за окрупнување на албанскиот опозициски блок – Гаши, Касами и Меџити седнуваат на иста маса

Макфакс

24/07/2023

12:04

1.542

Големина на фонт

а а а

Тројцата лидери на опозициските партии од албанскиот блок, денеска седнуваат на иста маса. Терминот и местото не се прецизирани, но извесно е дека Африм Гаши од Алтернатива, Биљал Касами од Беса и Изет Меџити од „огнените“ кој формира ново движење, ќе се сретнат веќе денеска. „Макфакс“ за ова доби потврда од Гаши.

„Да, ќе има средба. Но се уште не сме одредиле кога и каде. Ќе разговараме за можноста за соработка“, вели Гаши.

Веќе неколку месеци на маса е ставена точката за окрупнување на албанскиот опозициски блок. Целта е обединување против ДУИ, оти сметаат дека тамошните функционери се грижат само за нив, но не и за граѓаните.



Спонзорирани линкови

Маркетинг