Одбраната трета година по ред на врвот во активна транспарентност: Поставивме златен стандард од кој не отстапуваме

Макфакс

10/07/2023

14:30

1.212

Големина на фонт

а а а

Министерството за одбрана уште еднаш ја потврди својата максимална отвореност и транспарентност кон граѓаните. И оваа, како и претходните две години одбраната е лидер во активната транспаранентост, повторно со исполнети 100% од предвидените критериуми за активна транспарентност според мерењето на Центарот за граѓански комуникации, информираат од оваа институција.

Изминатите години, како што дополнуваат, процесот на активна транспарентност во Министерството беше поставен и формално, со носењето на Правилникот за транспарентност во Министерството за одбрана кој ги утврди сите информации кои се јавно достапни, воспостави ефикасен процес на ажурирање на податоците и воведе нови правила за лесна достапност на овие информации за сите граѓани.

„Одбраната постави и нова веб-страница со линија за транспарентност која стана наш златен стандард од кој не отстапуваме. За Министерството останува исклучително важен процесот на информирање во одност на инвестирањето во безбедноста – одбранбениот буџет, јавните набавки и процесот на модернизација. Посветеноста кон активната транспарентност продолжува и во иднина преку постојно следење и имлементирање на сите новини во делот на транспарентноста како основа за целосна информираност на граѓаните за сите процеси во одбраната“, посочуваат од Министерството за одбрана.

Министерството, појаснуваат, направи исклучителни чекори напред во активната транспарентност, имајќи предвид дека на првото мерење во 2016 година го зазамавме 45. место. За само неколку години, прецизираат во информацијата, во 2020, одбраната изби на првото место со 97,9%, додека од 2021 година го заземаме првото место со максимални 100% исполнетост на критериуми.

Според МО, под активна транспарентност се подразбира објавување информации на сопствена иницијатива на институциите без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации.