Непобедливиот страв за многумина: Kако настануваат турбуленциите и дали се опасни за време на авионскиот лет?

Точка

04/07/2023

14:22

7.002

Големина на фонт

а а а

За пилотите е малку збунувачки што луѓето толку се плашат од турбуленции. Како се појавуваат и дали се опасни?

Турбуленциите се најчеста причина за повреди на патниците во воздушниот сообраќај, а во екстремни ситуации, авионите се принудени итно да слетаат.


Пилотите секогаш ќе ги држат своите појаси врзани дури се во авионот, а ќе ве советуваат и вас да го сторите истото. Сепак, дали турбуленциите се нешто од што треба да се плашите?


Различни работи можат да предизвикаат турбуленции, но секоја од нив е позната и разбирлива за пилотите. Пилотите летаат секој ден и секогаш очекуваат малку турбуленции, исто како што и возачите очекуваат да наидат на некои нерамнини на патот додека возат.


Турбуленциите се непријатни, но не и опасни. Тие се дел од летањето и не треба да се плашите од нив. Различни аспекти на времето, предизвикуваат различни видови турбуленции.

CAT (Clear Air Turbulence) или турбуленција на чистиот воздух е најчестата форма која како патник ќе ја искусите. Воздухот се движи како хоризонтална река, наречена проток на воздух. Некогаш може да биде долг и 1000 километри, но обично е широк и длабок само неколку километри.


Во зависност од насоката на патување, пилотите или ќе ги избегнуваат, или, пак, ќе ги искористат за да ги намалат трошоците за гориво. Исто како што брза река удира на брегот, така и рабовите на протокот на воздухот доаѓаат во интеракција со воздухот кој побавно се движи, па доаѓа до мешање на воздухот и создавање на турбуленции.