Руската платеничка група „Вагнер“ објави дека „замрзнува“ нови регрутации за следниот месец, пренесува Newsweek.
Имено, каналот Телеграм што го користи таа група на чело со Евгениј Пригожин, кој го организираше неуспешниот пуч во Русија, излезе со соопштение дека сите активности поврзани со регрутирањето се одложуваат додека борците на Вагнер не бидат префрлени во Белорусија, каде Пригожин е во егзил.
Од друга страна, никој не знае точно каде е Пригожин, дали во Белорусија, или како што објавија некои медиуми, на тајна локација во Русија за тајни преговори со руски функционери.
„Согласно досегашното неучество на борците на групата Вагнер во специјалната воена операција и поради преместувањето во Белорусија, во моментов ја прекинуваме целата работа во врска со регрутирањето за период од еден месец“, се вели во соопштението.
Претходно денес, за првпат по бунот се огласи рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу. Тој кажа дека бунтот не влијаел на армијата поради нивната лојалност кон државата.