Мигрант го удрила струја при качување во товарен воз во Гевгелија, пренесен е во болница

Макфакс

02/07/2023

16:24

1.319

Големина на фонт

а а а

Несреќа се случи во Гевгелија пришто едно лице е пренесено во болница.

„На 01.07.2023 во 14,57 часот во СВР Струмица е пријавено дека на железничка станица Гевгелија, на еден од вагоните на товарен воз се качило едно лице (мигрант), по што настанал струен удар“, соопшти МВР.

Од екипа на Итна медицинска помош лицето било пренесено во Општата болница-Гевгелија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг