Славниот готвач Гордон Ремзи на својот Јутјуб канал споделил рецепт за подготовка на паста карбонара на негов начин и тоа само за 10 минути.
И другите готвачи имаат свои рецепти за ова јадење, како на пример Џејми Оливер, но сепак овој на Ремзи е побрз и се добива навистина вкусно јадење.
На Ремзи му помага неговата ќерка, а готвењето со семејството знаеме дека секогаш е позабавно. Ова не е класичен рецепт за карбонара, но многу е брз и гарантира феноменален вкус.
Како и кај бројните јадења, потеклото и името на ова јадење не се доволно разјаснети, но се смета дека потекнува од италијанскиот регион Лацио, како и тоа дека првпат во пошироката јавност се појавил во 50-тите години на минатиот век кога би опишан во италијанскиот весник „La Stampa“ како омилено јадење меѓу американските офицери кои биле во Италија и Рим за време на Втората светска војна.
Состојки (за една порција):
- шпагети;
- сланина;
- 2 жолчки;
- 2 печурки;
- 2 чешниња лук;
- 1 лута пиперка;
- малку замрзнат грашок;
- 180 грама кисела павлака;
- пармезан;
- сол, бибер, масло за јадење, магдонос.

Подготовка:
Ставете ги шпагетите да се варат на вообичаен начин. Во тава загрејте малку маслиново масло и додадете ги исечканите сланини на коцки. Потоа исечкајте го лукот и додадете го во сланината. Исто така додадете ги и печурките, лутата пиперка и грашокот.
Во сад во којшто сте ги одвоиле жолчките додадете изрендан пармезан и павлака. Сето тоа соединете го и додадете малку вода, па повторно помешајте.
Потоа земете околу 10 лажици вода во која се вареле шпагетите и ставете ги во тавата со сланината и останатите состојки.
Кога шпагетите се готови, исцедете ги и додадете ги во тавата со останатите состојки. Мешајте и додадете ја смесата од жолчки. Повторно помешајте и извадете ги после неколку минути.
Погледнете ја постапката во видеото:







