Истражување откри: Лажните видеоснимки се сè почести и подобри, а луѓето се потешко можат да ги препознаат

Точка

22/06/2023

14:49

14.602

Големина на фонт

а а а

И додека лажните снимки кои претставуваат јавни и познати лица релативно брзо се разоткриваат, истото не може секогаш да биде случај со измамите насочени на личните финансии или на идентитетот на обичните луѓе.

Џо Бајден кој пие „Bud Light“ или Доналд Трамп како адвокат во „Breaking Bad“ – двајцата најверојатни противници на американските претседателски избори во 2024-та година, неодамна биле жртви на лажни видеоснимки.

Поттикнати од алатите за вештачка интелигенција како „ChatGPT“ и „Deepfake“ снимките достигнале ниво на софистицираност кое оневозможува откривање со голо око, покажува неодамнешното истражување спроведено во повеќе земји, кое покажало дека луѓето се премногу сигирни во своите способности за забележување на лажни видеа.


Истражувањето за он-лајн идентитет од 2023-та година, објавено кон крајот на мај, кое го спровела „Censuswide“ за „Jumio“, компанија за он-лајн безбедност со седиште во Калифорнија, испитала повеќе од 8.000 луѓе ширум Велика Британија, Мексико, Сингапур и САД за лажните снимки.

Околу две третини од испитаниците тврделе дека се запознаени со технологијата, иако тој процент се движел од само 56 проценти во Британија, до речиси 90 проценти во Сингапур, каде повеќе од половина рекле дека се уверени дека можат да разликуваат автентична снимка.


Можеби не би требало да бидат толку самоуверени.

„Deepfake“ снимките цело време експоненцијално стануваат се подобри и станува се потешко да се детектираат без помош на „AI“, вели Стјуарт Велс од „Jumio“.


И додека лажните снимки кои претставуваат јавни и познати личност релативно брзо се разоткриваат, истото не мора секогаш да биде случај со измамите насочени на лични финансии или идентитетот на обичните луѓе.

Помалку од половина од испитаниците во Велика Британија се свесни дека вештачката интелигенција претставува закана кога станува збор за кражба на идентитет или финансии што, според авторите на истражувањата, е загрижувачка бројка.