3 видови на зеленчук кои се нутритивно најбогати – откријте поради што се ризница на нашето здравје

Точка

20/06/2023

16:40

11.448

Големина на фонт

а а а

Неколку видови на зеленчук се многу здрави, богати со хранливи материи неопходни за нашиот организам.

Зеленчукот е неопходен за здравјето и еден од главните извори на хранливи материи. Некои видови зеленчук имаат повеќе хранливи состојки од останатите. Доколку сакате да ја подобрите исхраната, обидете се во своето мени да внесете спанаќ, морков и лук.

Спанаќ


Спанаќот е зелен зеленчук којшто се наоѓа на врвот на листата како зеленчук со најмногу хранливи материи.

Само една шолја од околу 300 грама, обезбедува 16 отсто препорачан дневен внес на витамин А. Спанаќот исто така може да се пофали со антиоксиданти кои помагаат во намалување на ризикот од болести.

Едно истражување покажало дека темниот зеленчук како што е спанаќот има исклучително високо ниво на бетакаротен и лутеин, два антиоксиданти кои се поврзани со намален ризик од канцер.

Спанаќот содржи витамин А и каротеноидни пигменти кои имаат важна улога во заштитата од оштетувања предизвикани од изложување на сонце и промени предизвикани од стареењето.

Морков


Морковите се преполни со разни хранливи материи. Содржат повеќе од 100 отсто препорачан дневен внес на витамин А во само 100 грама.

Исто така содржат и бетакаротен, антиоксидант којшто делува на портокаловата боја и може да помогне во превенција на канцер.

Една научна студија го поврзала консумирањето на најмалку 2-4 моркови неделно со 17 отсто помал ризик од канцер на дебелото црево. Покрај тоа, морковите може да го намалат ризикот од канцер на белите дробови.

Овој популарен зеленчук е богат со многу други клучни хранливи материи, вклучувајќи калиум, витамин Ц и К.

Лук


Овој зеленчук со векови се користел како лек. Неговото главно активно соединение е алицин за којшто се докажало дека помага во одржување на нивото на шеќер во крвта и доброто здравје на срцето, како и дека ги убива габите и бактериите.

Некои истражувања укажуваат дека алицинот има моќни својства во борбата против канцерот.

Лукот го намалува и нивото на холестерол во просек за 12 отсто, покажале истражувањата.

Интересно е тоа што неколку чешниња лук дневно можат да имаат ист ефект како и некои лекови за намалување на холестеролот. За да го намалите нивото на холестерол мора долго да консумирате лук.