Минималецот ќе скокне за 6.100 денари, ама премногу доцна?

Денар

14/06/2023

21:35

5.153

Големина на фонт

а а а

Доколку биде прифатена новата предлог-методологија за раст на платите во јавниот сектор, тогаш минималната плата ќе се зголеми за цели 100 евра, ама за цели 5 години.

Ова воопшто не им се допадна на синдикатите кои отворено изјавија дека за нив е крајно неприфатлива ваквата предлог-методологија, која, како што велат, е премногу бавна.

– Не ја прифаќаме новата предлог-методологија за раст на платите на вработените во јавниот сектор, бидејќи оние работници кои сега земаат минимална плата од 20.200 денари, новото покачување од 6.100 денари ќе го добијат дури во 2028 година и тогаш минималната плата ќе изнесува 26.300 денари. А погледнете што направија функционерите во Македонија, кои преку ноќ си ги зголемија платите за 78 проценти. Тие добија повисока плата за 78 отсто, а ние ќе чекаме 5 години за да добиеме повисока минимална плата за 20 отсто. А никој не ја спомнува и инфлацијата и растот на трошоците за живот, односно дали по 5 години тоа покачување од 20 осто ќе биде навистина покачување или само израмнување? – велат синдикалците.


Наспроти проблемите со „бегството“ на граѓаните во странство, сега присутен е и проблемот со увоз на работна сила од странство.

Па така, од ССМ апелираат државата да не ги олеснува условите за увоз на работници, туку заедно со социјалните партнери да почне да креира политики за задржување на домашната работна сила и за обезбедување достоинствени плати и услови за работа.

Од Владата, пак, велат дека платите на вработените во јавниот сектор ќе се кројат преку Законот за плати со кој ќе се утврдат правилата по кои во иднина ќе се уредуваат платите во јавните институции и преку општиот колективен договор кој ќе ја содржи методологијата за раст на платите на вработените во јавниот сектор.


Првиот финансиер Фатмир Бесими рече дека станува збор за голема реформа која не може да се изврши во текот на една година и треба да има транзициски период.