Естрадниот магазин Бекстејџ е нешто најдобро што ми се случило во животот, ќе рече Миа Костова, водителка и менаџерка во ноќниот клуб Парадизо.
Автор: Марија Главчева
Локација: Бистро ресторан - Барбакан
--
За својот стил и начин на живот, за судењето со списанието Плејбој, но и за караницата со Мелита, дознавате во интервјуто на Миа специјално за ТОЧКА.
Миа, на ФБ профилот имаш слики со најразличен сталјинг. Како си се допаѓаш себе си најмногу?
Па во принцип сакам да експериментирам и менувам, но дефинитвно мојот стил и тоа како јас изгледам зависи од расположението. Знам да се облечам и многу елегантно, некогаш се облекувам пак многу модерно, понекогаш лежерно. Немам некој конкретен стил ниту имам некоја конкретна идеја за тоа како да изгледам, едноставно го носам тоа што ми прилега и тоа во што се чувствувам најудобно.
Те цитирам ‘ Можеби немам најубави гради, но имам гради кои ги виде цела Македонија. ‘ Кои беше предизвикот што те натера да се сликаш за списанието Плејбој. Парите или публицитетот?
На почетокот, се работеше за престиж затоа што ми беше многу драго што воопшто добив понуда да се сликам. Не очекував дека после првото издание и насловната со Каролина ќе ме бараат токму мене. На прво место беше престижот, а потоа беа парите. Но сега ни едното ни другото не ми се, затоа што парите сеуште не ми се исплатени, ниту мене ниту на Маја. Имаме судска постапка со Плејбој и на крај кога ќе видиш ниту престиж ниту пари кај нас не можат да се добијат. И едното и другото излегоа за џабе. Не се каам, напротив, горда сум затоа што во моето СВ кога ќе остарам ќе кажам дека сум се сликала за Плејбој. Но кај нас ова списание не доживеа апсолутно никаков успех.
Ја сметаш ли твојата поранешна колешка Мелита за непријателка од естрадата?
Јас и Мелита никогаш не се дружевме, само соработувавме. Со нејзе никогаш немав испиено кафе приватно, или заеднички излегувања навечер. Имавме коректна соработка до еден одреден момент, а никој не сметам за непријател, ниту себе си се сметам за нечиј непријател. Тоа што зборувам многу прави работите така да изгледаат во јавноста, бев бесна и нервозна кога се случија сите тие работи околу АБ канал, тоа е многу одамна завршена работа и не сметам дека воопшто ми е на ниво да се расправам со жена која што може да ми биде мајка.

Со кои личности од јавниот живот се дружиш најмногу?
Искрено, интензивно вака не се дружам со никој од естрадата освен со моите колеги од Бекстејџ. Имам корктен однос со сите, ја обожавам Каролина, не заради тоа што е ѕвезда, туку заради тоа што приватно е многу поинаква. Се дружам со сите оние кои соработуваат со Бекстејџ. Но премногу близина и интензивно дружење немам со никој.
Миа, работиш и како менаџерка или фејс контрол во ноќниот клуб Парадизо. Кои се критериумите за влез и забава во овој клуб?
Ние се договараме како треба да изгледа како проект ноќниот клуб Парадизо. Јас сум долго време во таа работа. Во принцип се трудиме Парадизо да биде место каде што ќе се собираат градските ликови, се трудиме тоа да не бидат ,многу млади деца, секако за нас ‘постарите’ да има простор и место каде што ќе се забавуваме. Дрес кодот секако е задолжителен. Кога можеме ние да се дотераме и да ги пречекаме гостите, можат и тие да се дотераат за да влезат во клубот. Не зборувам за скапа и брендирана гардероба, секогаш многу погрешно сум разбрана, туку зборувам за еден коректен изглед за во град навачер. Се работи за вкус и стил, секако, но тоа треба да биде или елегантно или модерно. Погрешно ме разбираат кога ќе кажам нема влез со патики. Има патики и патики. Така работи Парадизо, мене ми е многу жал што си правам непријатели преку оваа работа, но едноставно работа си е работа.
На јавните личности секогаш им се препишува се и сешто. Колку допираат до тебе тие чаршиски муабети?
На почетокот многу, значи знаев да се разболам кога ќе прочитав нешто лошо напишано за мене на некој портал, ФБ, или весник. Зборувам за почетокот, но со тек на време сватив дека и за најдобриот секогаш мора да каже нешто лошо. Во еден наврат Лила ми даде еден многу добар совет, ми рече најдобро е ниту да читаш ниту да отвараш. Мојот живот си тече, јас си ги следам моите планови и идеи, а некој седи дома и пишува и безцелно му е се, како што и мене ми е безцелно да се нервирам.

Миа, за што најчесто го користиш твојот ФБ профил?
Искрено многу се врзавме јас и ФБ, во една сериозна врска сме веќе 3 години. Излезе дека луѓето повеќе ме препознаваат по мојот профил наместо преку она што го работам. Ми се случува во диско многу често да ме застанат луѓе кои воопшто не ги познавам и да ми кажат дека им се допаднал мојот статус. Често пишувам интересни и искрени статуси заради кои понекогаш сум имала и проблеми. Постирам слики кои не се воопшто интимни нуту премногу приватни, затоа што несакам јавноста да знае како јас изгледам во костим за капење. Постирам музика која што мене ми се допаѓа, правам буквално се на ФБ и мислам дека е интересен начин да утепаш време, ништо повеќе од тоа.
Се сметаш ли себе си за револуционер кога се во прашање табу темите?
Не, значи зборот револуционер е многу сериозен за да ми препише како епитет. Јас не рушам табуа затоа што не зборувам за нив. Јас едноставно си го терам својот филм и тоа е најважно. Ако некој смета дека рушам табуа тоа ми е само едно убаво признание. Ама јас не сметам дека правам којзнае што. Ниту излегувам на ТВ да се борам за правата на било што, ниту го кажувам тоа јавно. Си имам своја приказна, свој живот и веројатно ми го препишуваат тоа како такво, затоа што не ме интересира околината, а тоа е многу важно.
Каде ќе одмараш летово?
Па ќе одам за Грција. Секое лето одам на едно место кое се вика Сарти, едноставно не го избегнувам. Каде и да одам на Сарти морам да се вратам барем на 5 дена. Планирам патување низ Европа, ама тоа ќе се случи некаде во септември.
И за самиот крај, што ги советува Миа сите читатели за најчитаниот веб портал кај нас ТОЧКА?
Треба да сте свои, треба да го следите својот филм, не треба да примате сугестии од страна, посебно од оние кои не Ви се блиски, мислам дека она што од внатре Ве тера да правите нешто е она вистинското и никогаш нема да погрешите ако го следите внатрешното.