Овој рецепт со лимон, кој завладеа на социјалните мрежи, конечно може да ве натера да го засакате неговиот кисел вкус.
Имено, овој десерт е истовремено и кисел и сладок, но убаво избалансираните вкусови би можеле да им се допаднат на сите оние на кои слатките со лимон досега не им биле на листата на омилени.
Потребни состојки:
- 200 гр. слатка павлака
- 75 гр. шеќер (можете да го намалите до 50 гр. ако сакате помалку благ десерт)
- 25-30 гр. сок од лимон
- половина лажица кора од лимон
- 1 лажица екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Во тенџере ставете ја слатката павлака, шеќерот и кората од лимон. Оставете да зоврие и варете 3-4 минути на тивок оган. Бојата на кремот ќе потемни и ќе стане малку погуст.
Тргнете го тенџерето од оган и додајте сок од лимон и екстрактот од ванила, па промешајте.
Смесата процедете ја за да ја отстраните кората од лимон. Оставете го кремот да се излади 2-3 минути. Потоа наполнете ги издлабените половинки од лимон и оставете ги во фрижидер, 1-2 часа.