Алегри добил понуда што не се одбива – Подготвен е да го напушти Јувентус

Макфакс

10/06/2023

13:28

2.667

Големина на фонт

а а а

Масимилијано Алегри е подготвен да ја напушти клупата на Јувентус. Италијанските медиуми тврдат дека 55-годишниот тренер добил богата понуда од Саудиска Арабија.

И покрај сите најави, Масимилијано Алегри би можел да ја напушти клупата на Јувентус. Пред неколку дена клубот соопшти дека има доверба во 55-годишниот тренер, а и самиот Алегри неколку пати изјави дека ќе остане во Торино.

„Имаме долгорочни планови со Алегри. Нашите односи се силни. Јувентус е одличен тим, имаме скромни играчи и сите сме цврсто на земја“, изјави неодамна генералниот директор, Маурицио Сканавино.

Сепак, Алегри се предомислил. Тој добил понуда од Саудиска Арабија која не се одбива.

„Газета дело спорт“ тврди дека во следните 24 до 48 часа тренерот на „Старата дама“, во Монте Карло ќе преговара со раководството на заинтересираниот клуб.

Платата што му се нуди од Саудиска Арабија е наводно три до четири пати поголема од онаа што ја заработува во Јувентус (седум милиони евра).

Не е познато името на клубот кој го сака Алегри на клупата. Се претпоставува дека тоа е Ал Хилал, а одредени информации говорат дека постои можност и за преземање на Ал Наср, тим во кој настапува Кристијано Роналдо.

Јуве наводно е подготвен да го пушти Алегри бесплатно, бидејќи неговото заминување наводно ќе им заштеди 40 милиони евра.

Ова е втор мандат на Алегри на клупата на торинскиот гигант. Тој пристигна во клубот во 2021 година и на 108 натпревари има учинок од 58 победи, 21 реми и 29 порази.

Доколку Алегри го напушти клубот, како негови наследници се споменуваат Игор Тудор и Антонио Конте.



Спонзорирани линкови

Маркетинг