Гужви и нервоза оти е затворен влезот на Охрид; Пецаков: Ова што го правите нема смисла!

Макфакс

10/06/2023

13:26

7.232

Големина на фонт

а а а

Поради изградба на автопатот, затворен е влезот на Охрид.

Градоначалникот Кирил Пецаков реагира, негодувајќи дека тоа е случува на почетокот на туристичката сезона во градот.

„7 години не помрдна ‘автопатов’, сега на почеток на туристичка сезона 45 дена го затворате влезот на Охрид и се пренасочува цел сообраќај по стариот пат. Пат кој нема капацитет да прими толкава голема бројка на возила и хаосот кој ќе го создавате е неминовен“, вели Пецаков.

Градоначалникот јавно ги повика министерот за транспорт и врски, министерот за внатрешни работи и премиерот, да ја сменат одлуката и да овозможат нормален проток на возила во ек на туристичката сезона, а по завршувањето на сезоната да отпочнат со градежните активности.