Македонскиот музичар Христијан Тасковски кој на јавноста ѝ е познат како Таско, објави неодолива фотосесија на која позира со својата бремена сопруга.
Таско, кој наскоро ќе стане татко фотографиите ги објави на социјалната мрежа Инстаграм, а во нивниот опис напиша:
„Авантурата ќе почне наскоро“.
Под фотографиите се нижеа само позитивни коментари, а дел од нив се:
„Честитки“, „Ајде, нека е со среќа“, „Души“, „Преубави“, „Да е живо и здраво“, „Најмили“...
Прекрасниот пар избра фотосесијата да биде во црно-бела техника, а поради истата се истакнати нивните тетовирани тела.
Инаку, Таско и неговата сопруга Таша очекуваат син.
Да ве потсетиме, парот минатиот месец направи и свадбена веселба на која славеа со тапани, трубачи и со многу, многу јавни личности.
На Таско и Таша им ја посакуваме сета среќа и уживање во претстојниот период кога ќе се остварат како родители.