Чудо во џунгла! Деца преживеале пад на авион: Пронајдени после повеќе од еден месец, меѓу нив и бебе

Точка

10/06/2023

09:38

2.535

Големина на фонт

а а а

Четири деца се пронајдени живи на југот на Колумбија, пет недели откако авионот со кој патувале се урнал во густа џунгла, објави колумбискиот претседател Густаво Петро.

Спасувачите, со помош на куче трагач, пронашле остатоци од овошјето кое децата го јаделе за да преживеат.

Четири деца, на возраст од 13, 12 и 9 години, како и едно бебе од 12 месеци, биле спасени од војската во близина на границата, меѓу покраините Какета и Гвавијара, во близина на местото каде се урнала „Cesna 206“, пренесува „Reuters“.

Во авионот имало седум патници, кои оделе од Араракуаре, во покраината Амазонас, кон Сан Хозе дел Гвавијареу, кога пратиле повик за помош на 1-ви мај.

Тројца возрасни, меѓу кои пилотот и мајката на децата, Магдалена Мукутуј, починале по падот и нивните тела биле пронајдени во остатоците од авионот. Децата го преживеале падот.

Нарсисо Мукутуј, дедо на трите девојчиња и едното момче, им рекол на новинарите дека е воодушевен од информацијата дека внуците му се спасени.

Фотографиите кои ги објави колумбиската војска прикажува група војници со четири деца насред џунгла.

„Ова е радост за целата земја. Четири деца, кои беа изгубени во колумбиската џунгла се живи“, навел претседателот Петро на Твитер.

„Децата цело време биле заедно, слаби се, да им дозволиме на лекарите да ги прегледаат. Пронајдени се, многу сим среќен поради тоа“, рекол Петро за новинарите.

Спасувачите, со помош на кучиња трагачи пронашле остатоци од овошје кое децата го јаделе за да преживеат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг