Анализа "Пари" за инфлацијата во регионот: Србија рекордер, а зад неа Македонија

Точка

09/06/2023

20:03

3.453

Големина на фонт

а а а

И во мај инфлацијата во Македонија е сѐ уште двоцифрена. Таа на годишно ниво изнесува 11,3 проценти, што значи дека за толку се зголемиле вкупните трошоци за живот на населението во мај годинава во однос на истиот месец минатата година. Македонија и понатаму има многу поголема инфлација во однос на другите земји од поранешна Југославија, но сепак, Србија го држи првото место по растот на трошоците за живот.

Порталот Пари ги разгледа податоците од официјалните статистички агенции на државите во регионот. Во нашето опкружување, сѐ уште немаат сите земји објавено податоци за мај, но со оглед на фактот дека инфлацијата се зауздува, јасно е дека и со мајската статистика состојбата нема многу да се промени и може да се извлечат споредбени заклучоци.

Податоците покажуваат променета слика во однос на досегашните анализи. Откако инфлацијата почна да дивее на глобално ниво, Словенија редовно имаше најниска инфлација. Но, априлските податоци покажуваат дека по инфлација таа е веднаш зад Србија и Македонија. Најниска годишна инфлација во април имало во Косово и таа изнесувала само 6,3 проценти.


Се смирува растот на трошокот за храна

Анализата на податоците покажува дека добрата вест е дека се смирува растот на трошокот за храна. Инфлацијата на ставката „храна и безалкохолни пијалаци“ во мај во Македонија била 14,6 проценти и е помала од онаа во Словенија, каде изнесувала 14,9 проценти. Веројатно, рекордер и во мај ќе биде Србија, која во април има највисок раст на трошоци за храна и пијалаци, од 23,1 процент (мајски податоци сѐ уште немаат објавено). За Косово, на нивната официјална веб-страница нема објавено групни податоци за храна и безалкохолни пијалаци.

Во екот на високата инфлација, Македонија имаше многу висок раст на трошоците за храна. На пример, во декември минатата година тие беа 27,1 процент повисоки во однос на 2021 година. Нешто повисока инфлација на храната, во тој период имаше само Црна Гора.


Остатокот од текстот можете да го прочитата на порталот ПАРИ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг