Ова е можниот мотив за страшното злосторство во Франција: Сириецот пред неколку дена добил лоша вест, па избодел деца на игралиште!

Точка

09/06/2023

17:39

5.758

Големина на фонт

а а а

Стравичниот напад на малите деца во францускиот град Анеси ја занемело Франција, но и целиот свет. Напаѓачот бил 31-годишен Сириец, кој со нож избодел 4 деца и двајца возрасни на детско игралиште во мирниот алпски град.

Прободените деца биле на возраст од 22 месеци до 3 години, а едната жртва била и во бебешка количка, соопштила полицијата. На социјалните мрежи се појавила морбидна видеоснимка од нападот, на која се гледало како избезумен напаѓач со нож прободува деца на игралиште, а истото го направил и на едно дете во количка.


Напаѓачот бил Абдалмасих Х., сириски христијанин кој дошол во Европа пред 10 години. Тој добил статус на бегалец во Шведска, од каде пред 4 години се развел за сопругата, која изјавила дека оттогаш не знаела ништо за него. Оставил и 3 годишна ќерка зад себеси.


Во минатогодишното барање за статус на бегалец во Франција минатата година, тој изјавил дека е сириски христијанин. За време на вчерашниот напад на децата во паркот, Сириецот се повикал на името на Исус Христос. Откако бил уапсен, кај него биле пронајдени крст и христијански молитвеник.

Француските власти вчера соопштиле дека мотивот за нападот не е терористички и дека напаѓачот немал криминално досие, ниту пак се лекувал од психички проблеми.


Меѓутоа, министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманен, објавил значајна информација која би можела да биде важна како би се открил мотивот на налудничавиот напаѓач.

Имено, Сириецот поднел барање за статус бегалец во Франција, а истото тоа барање било одбиено пред само неколку дена. „Таа коинциденција е загрижувачка. Тоа што го направи, го направи само неколку дена откако му беше одбиено барањето“, изјавил Дарманен


„Би-би-си“ јавиле дека напаѓачот во последните денови бил виден во близина на игралиштето. Гледал во езерото и си „мрморел“ нешто преку брадата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг