Момчето кое се борело со напаѓачот на деца во Франција: Верата ми даде сила

Точка

09/06/2023

16:49

3.524

Големина на фонт

а а а

„Херојот со ранец“, млад верник по име Анри кој вчера му се спротивставил на напаѓачот кој со нож избоде четири деца во паркот во Франција, рекол дека католичката вера му дала сила да се бори против тој човек, јавува „Reuters“.

Овој 24-годишник раскажал дека бил во близина на игралиштето кога видел човек како напаѓа деца во колички и како нивната мајка се обидувала да ги заштити во четвртокот.

Тој верува дека тоа што бил таму во тој момент и можел да интервенира е „божја волја“.

„Се што знам е дека не бев таму случајот. На својот пат до катедралата се сретнав со овој човек и постапив инстинктивно. Беше незамисливо да не направам ништо“, рекол студентот по филозофија и менаџмент за „CNEWS“.

На видеоснимката се гледа како се обидува да ги блокира нападите со еден од своите два ранци, и како го брка напаѓачот на игралиштето и фрла еден од ранците кон него.


Овој побожен католик рекол дека во себе почувствувал сила која го натерала да делува.

„Дозволив да ме води провидението и Дева Марија. Реков збогум. Тие ќе одлучат што ќе се случи“, рекол тој.

Анри рекол дека и други млади луѓе почнале да го бркаат напаѓачот.

„Се обидовме да го исплашиме и јасно да му ставиме до знаење дека не може да го направи тоа што го сака“, рекол тој.

Како што наведува „Reuters“, полицијата соопштила дека уапсениот напаѓач е сириски бегалец, и на новинарите им било кажано дека осомничениот носел христијански обележја.


Запрашан за сугестијата дека напаѓачот можеби бил голем верник христијанин, Анри рекол дека тоа нема смисла.

„Длабоко е нехристијански да ги напаѓаш ранливите. Целата христијанска цивилизација на која е изградена нашата земја е витешка порака за одбрана на вдовиците и сирачињата. Мислам дека во него живеело нешто многу лошо“, рекол Анри.

Инаку, Анри подоцна денеска треба да се сретне со претседателот Емануел Макрон.

„Сега ги имам сите овие ужасни слики во главата. Морам да се обидам тоа да го претворам во нешто позитивно“, рекол тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг