(Фото) Се омажи неодоливата Исаура од „Преспав“ со актерот Петар: „Мој си е, си го земав“

Точка

09/06/2023

14:45

19.580

Големина на фонт

а а а

Македонската актерка Емра Куртишова која на јавноста ѝ е позната како Исаура од популарната серија „Преспав“, се венча со својот вереник, актерот Петар Стојанов.

Таа објави фотографија од свадбата, а истата воедно е и првата нивна заедничка фотографија која е објавена на нејзиниот профил.

„Мој си е, си го земав“, напиша актерката под фотографијата, па доби многубројни честитки од колегите и пријателите.

„Честитки мила Емра, да сте вечни и секогаш заљубени“, „Среќен брак“, „Честитки убави“, „Среќни и вечни да сте ми“, биле само дел од коментарите.

Кога актерката се вери со Петар, за „Репортер“ изјави дека тие биле во врска три години:

„Многу сум среќна, со Петар сме во љубов три години, а тој ме побара за жена на мојот роденден. Функционираме како да се знаеме цел живот и многу ни е убаво“, раскажа Емра за „Репортер“ минатата година во декември кога двојката објави и фотографии од запросувањето.

Инаку, Емра и Петар се колеги од Театарот за деца и младинци од каде се знаат подолго време.





Спонзорирани линкови

Маркетинг