Експерт за говор на тело открива во каков однос се Шакира и Луис Хамилтон: „Таа има право на своја приватност и забава...“

Точка

09/06/2023

09:26

4.368

Големина на фонт

а а а

Сè погласни се шпекулациите за врската на Шакира и Луис Хамилтон по што повеќе пати тие биле снимени во заедничко дружење.

Експерт за говор на тело и односи, д-р Тами Нелсо, открива во каков однос се всушност пејачката и возачот на Формула 1.

Тој смета дека неодамнешното раскинување на Шакира влијае на нејзината потенцијална романса со Луис.


„Доколку неодамна сте раскинале, па сте во центар на внимание во јавноста, дали отворено би флертувале со потенцијалната нова љубов? Можеби фактот дека на фотографиите се оддалечени еден од друг докажува дека се во нова врска и се обидуваат тоа да го скријат од медиумите“, изјавил експертот.

Шакира и Хамилтон во повеќе наврати биле снимени заедно, но експертот истакнува дека тоа не мора нужно да значи дека се во романса.


„Во овој момент сето тоа е шпекулација за потенцијалната врска на Шакира и Луис Хамилтон. Не може многу да се види од неколку фотографии кои се направени од нив заедно, но само врз основа на тоа дека се дружат можеме да направиме некои претпоставки дека можеби се забавуваат на љубовно поле. Меѓутоа, не покажуваат никаков јавен исказ на наклонетост и едноставно изгледаат како пријатели кои се дружат. Во секој случај, таа има право на своја приватност и своја забава“, додава изворот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг