(Вознемирувачко видео) Ајкула нападна и уби Русин во Хургада

Точка

08/06/2023

21:36

6.047

Големина на фонт

а а а

23 годишниот Владимир Попов од Русија загина по напад од ајкула во египетско летувалиште Хургада.

На социјалните мрежи е објавено вознемирувачко видео од нападот.

Очевидци велат дека спасувачите се обиделе да го спасат Попов, но кога стигнале до водата, ајкулата веќе го фатила.

Руските медиуми јавуваат дека жената, наводно девојка на жртвата, успеала да исплива и да побегне. На снимката може да се види како хистерично плаче на плажата додека случајните минувачи се обидуваат да ја утешат по грозоморната сцена.

Нападот го потврдија египетските власти, а генералниот конзул на Руската Федерација во Хургада, Виктор Воропаев, го потврди идентитетот на жртвата.

Конзулот нагласи дека Попов не е турист, како што претходно објавија медиумите, туку дека живее во Египет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг