(Фото) Легендарниот Тупак постхумно доби ѕвезда на Холивудската патека на славните

Точка

08/06/2023

18:22

3.643

Големина на фонт

а а а

Легендарниот рапер Тупак Шакур доби ѕвезда на Холивудската патека на славните, речиси 30 години откако беше убиен во пукање од заседа.

Со свеченоста му била оддадена почит на уметникот кој загина на 25-годишна возраст по кратката, но спектакуларна кариера, во која од придружен танчaр стана една од највлијателните фигури во хип-хопот.

„Да стојам тука и да го претставувам семејството Шакур го исполнува моето срце со чест“, изјавила сестра на раперот, Секива Шакур, на откривањето на ѕвездата во Лос Анџелес.


„Тупак длабоко во себе отсекогаш знаеше дека е предодреден за нешто големо. И како негова помала сестра, ја имав таа привилегија да гледам како се создава таа големина“, додала Секива.

Познат по своите емоционално интензивни стихови и природната дарба за сцената, Шакур продаде повеќе од 75 милиони плочи со хитови како „California Love“ и „Changes“.


Тупак исто така стана клучна личност во ривалството помеѓу хип-хопот на источниот и на западниот американски брег.

Иако е роден во Њујорк, во тинејџерските години се преселил со семејството во Калифорнија. Тупак стана една од најпрепознатливите личности на западниот брег пред да биде убиен во септември 1996 година во Лас Вегас. Околностите за неговата смрт сè уште се нејасни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг