(Фото) Ова е „Гетлинговиот митралез“ кој со приколка е пренесен до српската полиција. Може да испука 3.000 куршуми во минута!

Точка

08/06/2023

18:03

10.575

Големина на фонт

а а а

Претседателот Александар Вучиќ на вчерашната прес-конференција изјавил дека „Србија е полна со оружје“, и согласно тоа било донесена наредба за продолжување на рокот за предавање на нелегалното оружје.

„Еден човек ни донесе митралез „Гетлинг“ во приколка. Тоа е тој ротирачки митралез кој пука 3.000 куршуми во минута. Човекот го ставил на приколката и ни го донесе митралезот и му благодарам што го направи тоа“, а потоа додал: „По измените во законот, тој би добил 15 години затвор доколку го пронајдевме оружјето, предадени се 22.000 мини и експлозивни средства. Благодарност до човекот кој беше одговорен и го олесни животот на своето семејство и на себеси, со тоа што го предаде оружјето.


Луѓето донесоа 15.000 рачни бомби, знаете ли колку мртви и ранети се тоа? Србија е полна со оружје. Никој никогаш не би помислил дека во Србија можат да се случат вакви злосторства. Никој не може да им ги врати децата на родителите, но ова може да е почеток на превенција за никогаш да не се повтори“, соопштил Вучиќ.


Инаку, до вчера до 19 часот биле предадени 62.801 парчиња оружје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг