Скромноста на Србинот достигнува друго ниво: Реакцијата на Јокиќ откако испиша НБА историја

Дерби

08/06/2023

12:57

5.827

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ за многумина е најдобар играч во НБА лигата и покрај тоа што не го доби МВП признанието од страна на водечките луѓе, а доказ за тоа се речиси сите негови партии во овој плејоф.

Денвер Нагетс игра неверојатна кошарка и главна ѕвезда е токму српскиот кошаркар, кој беше неверојатно добар и рано утрово во брејкот кој го направи со своите соиграчи кај Мајами.

Денвер поведе со 2:1 во финалната серија и дојде на две победи од најголемиот успех, а Јокиќ беше посебно инспириран и направи нешто што на никој не му пошло од рака во НБА финалињата.

Јокиќ стана првиот кошаркар кој запишал над 30 поени, 20 скокови и 10 асистенции на финален меч, но додека цела Америка му симнува капа, неговата скромност достигнува друго ниво.

– Да бидам искрен, тоа не ми е важно, најважно ми е што победивме на натпреварот. Тие не победија во нашата арена и сакавме по секоја цена да дојдеме до 2:1, – изјави Јокиќ за „ЕСПН“, а потоа го повтори истото и на прес-конференцијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг