Наследникот на Бензема стана рекордер во Копа Либертадорес

Макфакс

08/06/2023

11:40

1.062

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот вундеркинд, Ендрик стана рекордер во Копа Либертадорес со голот за Палмеирас против еквадорска Барселона. Натпреварот заврши со победа на Палмеирас со 4:2, а Ендрик во 86. минута го постигна последниот гол на натпреварот. Ендрик со 16 години и 322 дена стана најмладиот стрелец во историјата на ова натпреварување.

Реал Мадрид го купи Ендрик за 35 милиони евра уште пред тој да наполни 16 години, но според договорот ќе остане во Палмеирас да остане до летото 2024 година.

Неговите настапи будно се следат во Мадрид бидејќи тој треба да го наследни Карим Бензема кој замина во Ал-Итихад во Саудиска Арабија. Ендрик, заедно со сонародниците Винисиус и Родриго, во блиска иднина треба да ја формираат напаѓачката тројка на Реал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг