Заканите од кумановско Слупчане, втор ден ги држат екипите на ЕВН надвор од селото во кое се краде 80 отсто од струјата на годишно ниво

Макфакс

08/06/2023

11:18

3.892

Големина на фонт

а а а

Екипите на ЕВН втор ден не можат да ја реконструираат дистрибутивната мрежа во село Слупчане, посочувајќи дека нивните вработени добиваат закани по живот. Пред кумановското село, селаните го блокирале влезот. Информирана е и полицијата.

„Се додека корисниците не дозволуваат да се работи, ќе се соочуваат со прекини во снабдувањето и сериозни дефекти како резултат на континуирани кражби и злоупотреби во мрежата. Дефектите ќе се отстрануваат само доколку се создадат нормални услови за работа” посочуваат од ЕВН.

Во ова село, според пресметките на ЕВН, се краде 80 отсто од годишно потрошената струја. Ова значи дека се наплаќа само 20 отсто од потрошените количини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг