Во поплавениот Херсон постои голема опасност од нагазни мини: „Лебдат кон градовите, не знаеме каде се“

Макфакс

08/06/2023

10:00

1.838

Големина на фонт

а а а

Уривањето на големата брана во Херсон на југот на Украина ќе има катастрофален ефект врз лоцирањето на нагазни мини, предупреди Меѓународниот комитет на Црвениот крст, јавува Би-би-си.

Ерик Толефсен, шеф на Единицата за контаминација со оружје на Црвениот крст, предупреди дека мините расфрлени во поплавата предизвикале голема загриженост не само за жителите на Херсон, туку и за оние кои доаѓаат да помогнат.

„Знаевме каде се опасностите, сега не знаеме. Само знаеме дека некаде низводно“

Наталија Хуменјук, портпаролка на јужната воена команда на Украина, изјави за украинската телевизија дека „многу противпешадиски мини, во областите заземени од Русите, сега станале пловечки мини“.

„Тие се многу опасни“, рече таа, објаснувајќи дека најверојатно ќе експлодираат доколку се судрат со нешто.

„Конфликтните страни не го соопштија бројот на мини што ги поставија. Знаеме само дека бројката е огромна“, предупреди Толефсен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг