Воз се запали во тунел во Австрија, евакуирани стотина патници

Макфакс

08/06/2023

08:25

1.109

Големина на фонт

а а а

Стотина патници мораа да бидат евакуирани од воз кој се запали во тунел во австриската провинција Тирол.

Службите за итни случаи соопштија дека доцна синоќа морале да бидат евакуирани 370 патници од воз кој во текот на ноќта патувал од Инсбрук до Амстердам и Хамбург.

Според службите за итни случаи, оштетувањето на надземната линија во железничкиот тунел Терфенс предизвикало пожар.

Полицијата соопшти дека околу педесет лица се здобиле со полесни повреди или вдишување чад. Нема извештаи за сериозни повреди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг