Фактор истражување: Кој ги врти големите пари во Гевгелија?

Фактор

07/06/2023

19:39

66.222

Големина на фонт

а а а

Двете казина на македонско-грчката граница се меѓу трите најголеми гевгелиски фирми, а заедно прават приход колку „Kонтихидропласт“ најголемата компанија од градот распослан по македонско-грчката граница.

Ова е најкраткиот и напрецизен опис за тоа кој е кој во 2022 година во економијата на македонскиот „Лас Вегас“. И уште еден факт Гевгелија со своите петнаесетина илјади жители економско чудо без тешка индустрија кое има 10 компании со вкупен приход поголем од 176 милиони евра. Е тоа значи јужна граница во економска смисла на зборот, пишува Фактор.

Гевгелија е македонскиот Лас Вегас, колку тоа да звучи предимензионирано и неспоредливо, но за наши услови двете казина и нивните угостителски и хотелски услуги даваат најзначен импулс на гевгелиската економија.

За жал, типично за (не) претприемачкиот дух на нас Македонците, најјужниот македонски град, познат и признат по својата гостољубивост и питомост и покрај кој поминуваат стотици илјади туристи на својот транзит до и од Грција нема туристичка компанија која ќе извади макар и по десет евра од секој десетти транзитен турист.

Извор: Фактор Портал



Спонзорирани линкови

Маркетинг