Покрај Орбан, Путин би можел да добие уште двајца сојузници во Европа:„Тоа ќе биде катастрофа“

Макфакс

07/06/2023

18:41

4.612

Големина на фонт

а а а

По Виктор Орбан во Унгарија, и во Австрија и Словачка се закануваат да дојдат на власт проруски политичари, пренесува „Политико“.

Во Австрија, екстремно десничарската Партија на слободата предводена од Херберт Кикл е најпопуларна од ноември, а во Словачка, проруската Смер-СД, предводена од поранешниот премиер Роберт Фицо, водат на анкетите пред изборите во септември.

Ако победи, Словачка ќе ја прекине воената помош за Украина, вети Фицо. Кикл, од друга страна, најавува дека ќе го искористи правото на вето на Австрија во ЕУ за да ги укине „бесмислените“ санкции против Русија.


Популарноста на Партијата на слободата се објаснува со зголемената инфлација и ненадејното зголемување на барањата за азил, кои се тројно зголемени за една година. Ова го поттикнува незадоволството од сегашната владејачка коалиција на Австриската народна партија (ÖVP) и Зелените. Главната опозициска партија, Социјалдемократите, е зафатена од внатрешни борби, така што партијата на Кикл има најголеми шанси да ја преземе власта, оценува Политико.


Европските претставници предупредуваат дека победите на проруските сили во Словачка и Австрија ќе му дадат моќна алатка на рускиот претседател Владимир Путин против Украина и ќе ги поткопа напорите на ЕУ. Тоа би било катастрофа, изјави претставник на Комисијата за Политико. ЕУ веќе се бори со Унгарија, каде премиерот Виктор Орбан ја презеде контролата врз сите главни лостови на моќ, вклучително и медиумите, создавајќи полуавторитарна држава во средината на ЕУ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг