Луксузниот сладолед направен од многу скапи состојки бил претставен неодамна во Јапонија и веднаш влегол во Гинисовата книга на рекорди.
Цената на една топка од овој сладолед е неверојатни 5980 евра. Наречен е „Byakuya“ и е направен од мешавина на бели тартуфи и избор на сирења, како што е традиционален италијански пармезан, како и талог од вино од ориз (саке).
Белите тартуфи, многу скапи печурки, се увезуваат од италијанската провинција Алба. Цената на една порција е 1365 евра. А јапонското оризово вино е многу скап производ, меѓу најскапите на светот.
Луксузниот јапонски сладолед, по зборовите на оние кои имале можност да го пробаат, имал неодолива арома на тартуфи, малку сладок, комплексен вкус и раскошна, мека текстура.
New record: Most expensive ice cream - JP¥873,400 (£5,469; €6,211; $6,696) made by OMER in Japan.
— Guinness World Records (@GWR) May 18, 2023
The ice cream includes edible gold leaf, white truffle and natural cheeses ? pic.twitter.com/kaJOACEear
Спакуван бил во луксузна црна кутија, во која имало и лажичка која била маестрално дело на јапонските занаетчии. Направена е со посебна традиционална техника, пренеле „Gearrice“.