(Фото) Оваа уметничка слика на Пикасо се продаде во Келн за 3,4 милиони евра

Точка

06/06/2023

20:26

4.017

Големина на фонт

а а а

Купувачот кој се јавил на телефон од Швајцарија понудил најмногу пари за делото кое инаку било проценето на сума меѓу 1,5 и 2,5 милиони евра.

Сликата на Пабло Пикасо „Биста од жена“ на аукција во Келн е продадена за 3,4 милиони евра.

„Понудата ги надмина нашите очекувања“, рекла портпаролката на аукциската куќа Ван Хам во понеделникот навечер.

Купувачот кој се јавил на телефон од Швајцарија понудил најмногу пари за делото кое инаку било проценето на сума меѓу 1,5 и 2,5 милиони евра.


Ова дело покажува поместени перспективи типични за Пикасо, профилни и фронтални погледи кои се испреплетени. Бојата е сведена на жолти и сиви тонови.

Сликата од 1971-ва година ја прикажува втората жена на Пикасо, Жаклин Рок. Пикасо насликал вкупно 400 портрети од партнерката која била 46 години помлада од него.


Во каталогот пишува дека Жаклин била муза и љубовница на Пикасо, но и пожртвувана и сосема препуштена „помошничка, менаџерка и слугинка“ на сликарот.

„Посесивниот сликарски гениј барал безусловно самооткажување од жената, која од своја страна сосема го окупирала за себе и за неговата уметност“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг