(Видео) Нереални сцени од Турција: Големи поплави, уништени згради, надојдената вода го исфрла мебелот од становите

Макфакс

06/06/2023

14:54

3.386

Големина на фонт

а а а

Во последните неколку дена Турција страда од страшни поплави кои го зафатија главниот град по обилните дождови, пренесуваат медиумите во регионот.

Портокаловата метеоролошка тревога е на сила во дури 27 провинции, а обилните дождови целосно го парализираа животот во Анкара.

Во изминатите неколку денови спасувачките екипи постојано се на терен и испумпуваат вода од зградите, додека многу патишта често се непроодни поради пороите кои носеа се пред себе.

Колку е драматична ситуацијата во Турција најдобро сведочи видеото од Анкара, каде може да се види како водата навлегла во станбена зграда, а потоа водениот бран крши балконската врата од станот и водата почнува да го исфрла мебелот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг