Карвахал за играчот кој е потенцијална замена за Бензема: Многу добро го знаеме…

Дерби

06/06/2023

13:56

1.378

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид остана без неколку играчи во офанзивната линија и тоа Карим Бензема, Марко Асенсио, Еден Азар и Марија Дијаз, односно ова значи дека „кралевите“ ќе мора да пронајдат соодветни замени за нив особено за францускиот ас.

Бензема неочекувано реши да се раздели со Реал и да замине во Саудиска Арабија, па сега е потребен играч кој ќе може да ги надополните неговите голови, инволвираност во играта.

Има неколку имиња во игра, ама најмногу некако се говори за Хари Кејн кој има уште една година од договорот со премиерлигашот Тотенхем. Серхио Рамос веќе испрати еден совет до Англичаецот, а сега околу оваа тема кратко се огласи и бекот на шпанскиот великан, Дани Карвахал.

- Обично не говорам за играчи кои не се тука, ама сите го знаеме Кејн. Одличен напаѓач, капитен на Англија, тие што ќе дојдат ќе бидат многу добри, - порача бекот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг