Се збогуваше со Билбао, следи преселба во Барселона

Дерби

06/06/2023

13:55

1.118

Големина на фонт

а а а

Барселона се очекува да доведе неколку играчи во овој летен преоден рок и тоа во сите линии, односно дефанзивата, средината и нападот.

Кога е во прашење одбраната веќе едно име е договорено и се очекува наскоро официјално информацијата да биде потврдена од клубот. Имено се работи за искусниот Ињиго Мартинез кој денеска преку видео ја потврди разделбата со Атлетик Билбао, клуб на кој верно му служеше од 2018 година.

Мартинез смета дека му е потребен нов предизвик, а истиот ќе биде на „Камп Ноу“ каде ќе ја формира линијата на стопери заедно со Кристенсен, Араухо, Кунде, Гарсија, односно ова значи дека Алонсо ќе може да се префрли на свеото природно место, левата бековска позиција каде ќе му биде конкуренција на Балде.

Договорот со Барса е со важност до 2025 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг