(Фото) Полицијата на терен – со експлозив разнесен банкомат во Бутел, МВР со детали

Точка

06/06/2023

09:00

3.823

Големина на фонт

а а а

Утрово во скопската населба Бутел со експлозив бил разнесен банкомат. Инцидентот се случил на улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“, а засега нема информации за повредени.

Како што велат очевидци, полицијата е на терен и во моментов се врши увид на местото на настанот.

Банкоматот на кој бил поставен експлозивот бил на „НЛБ банка“.

МВР со детали:

Четири лица се обиделе со експлозив да ограбат банкомат во Бутел. Настанот се случил утринава околу три часот. Тие ја активирале експлозивната направа, но не успеале да го пробијат банкоматот. Детонацијата била силна, што ги вознемирила жителите во околните објекти.

Четворицата кои го направиле обидот не успеале да го отворат банкоматот, а со експлозијата оштетиле три возила кои биле паркирани во непосредна близина. Повредени лица нема.

„Во тек е увид од полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за „Макфакс“.


Фото: „Сител“



Спонзорирани линкови

Маркетинг