Објавена листа со 80 најубави актерки на сите времиња: Многумина изненадени од дамата која го зазеде првото место – што мислите вие?

Точка

06/06/2023

08:50

12.463

Големина на фонт

а а а

„Убавината е во окото на набљудувачот“ и тоа е навистина така, но кога зборуваме за јавните личности, со децении се објавува листата на најубави жени, најзгодни и оние со најсовршено лице или тело.

Така на Твитер профилот од организацијата „World of Statistics“ објавена е листа од 80 најубави актерки на сите времиња.

Според нивните податоци најубавата актерка на сите времиња е покојната Грејс Кели, холивудската актерка која откако се венчала станала жена на кнез.

Доколку треба да им веруваме на статистиките, зад Грејс Кели се наоѓаат: Моника Белучи, Одета Анбл, Жаклин Бисет, Мерилин Монро, Одри Хепберн, Скарлет Јохансон, Брижит Бардо, Ава Гарнер и Елизабет Харли.

И, додека на некои им се допаднала оваа листа, други никако не се согласуваат со наведеното.

„Да ги погодам критериумите на судиите – слаба, Американка, русокоса. Дајте им отказ“, гласи еден од коментарите со кој се согласиле повеќето.


Што мислите вие за оваа листа?




Спонзорирани линкови

Маркетинг