Поранешен американски разузнавач: „Путин му нанесе стратешко пораз на НАТО“

Точка

05/06/2023

22:53

3.933

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија, Владимир Путин го победува Западот во економската и меѓународната сфера, како и на бојното поле, изјавил поранешниот американски разузнавач Скот Ритер.

„Русија им нанесува стратешки пораз на Соединетите Американски Држави во поглед на геополитиката“, рекол Ритер.

Според неговите зборови, тоа се случува и во воената сфера, бидејќи руската војска ги уништува единиците на украинската војска кои се обучени од НАТО експерти, со што се уништуваат и силите на Алијансата.


„Западот веќе банкротираше, снабдувајќи ја Украина со оружје во вредност од неколку милијарди долари“, заклучил тој.

Претходно Ритер детално зборувал за економскиот успех на Москва.


Според неговите зборови, откако западните компании заминале од Русија, во неа инвестирале милијарди долари претприемачи од Кина, Индија и други држави.

Сепак, не сите се согласуваат со неговите мислења, па порталот „Euronews“ објави статија со наслов: „Зошто засремените Американци шират руска пропаганда?“




Спонзорирани линкови

Маркетинг