Орбан се обиде да ја бакне раката на претседателката на Молдавија, таа го одби

Точка

04/06/2023

13:54

5.967

Големина на фонт

а а а

Маја Санду го примила Орбан во дворецот Мими, а при средбата претседателот на Унгарија сакал да и ја бакне раката.

Унгарскиот претседател Виктор Орбан во четвртокот учествуваше на самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, а на социјалните мрежи сега се шири видео на кое се гледа како од претседателката на Молдавија доживеал непријатност.

Маја Санду го примила Орбан во дворецот Мими, а при средбата претседателот на Унгарија сакал да и ја бакне раката.

Таа, меѓутоа, го одбила, а на снимката која се шири на социјалните мрежи се гледа како Орбан во тој момент останал прилично збунет.


Не се знае причината поради која Маја Санду одлучила да го одбие бакнежот на Орбан, но можно е да е поради нивните политички несогласувања, најмногу по прашањата за војната во Украина и Владимир Путин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг