Директорот на ЦИА на средба со кинеските колеги во Пекинг, Вашингтон се обидува да ги одмрзне односите

Точка

03/06/2023

19:46

2.444

Големина на фонт

а а а

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Брнс бил во Пекинг во мај за да се сретне со своите кинески колеги, изјави во петокот американски официјален претставник.

Тоа е посета на највисоко ниво на американски владин функционер откако американските сили соборија кинески шпионски балон.

Посетата на Брнс, за која прв објави "Financial Times", доаѓа додека Вашингтон се обидува да ги намали тензиите со Пекинг околу балонот и другите неодамнешни судири меѓу двете најголеми светски економии и геополитички ривали.


Американските власти долго време предупредуваат дека Кина ги одбива нивните напори, зголемувајќи ја можноста погрешна комуникација  да ескалира во конфликт, велат тие.

„Минатиот месец директорот Брнс отпатува во Пекинг каде што се состана со своите кинески колеги и ја нагласи важноста од одржување на отворени линии на комуникација во разузнавачките канали“, рече американски функционер кој сакаше да остане анонимен.


Брнс се состана само со разузнавачки претставници, а не со кое било политичко или надворешно политичко раководство на Пекинг, изјави друго лице запознаено со посетата.

САД сè уште се обидуваат да го презакажат патувањето на државниот секретар Ентони Блинкен во Кина, кое беше откажано бидејќи кинески балон прелета над територијата на САД.


Секретарот за одбрана на САД Лојд Остин, исто така, разговарал „накратко“ со Ли Шангфу, кинескиот министер за одбрана, во петокот на вечерата на безбедносниот форум во Сингапур. Кина претходно го одби барањето на Остин за средба на маргините на тој форум.

Претседателот Џозеф Бајден честопати го испраќа Брнс на чувствителни патувања за да се сретне со американските противници. Брнс отиде во Москва кон крајот на 2021 година за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за индициите дека Русија се подготвува да изврши инвазија на Украина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг