Фатен на дело со 25-годишна Французинка? Бракот на славната актерка во криза, се зборува дека сопругот ја изневерил

Точка

03/06/2023

19:30

7.977

Големина на фонт

а а а

Натали Портман и нејзиниот сопруг, францускиот балетан Бенџамин Милпје наводно поминуваат низ брачна криза откако се дознало дека ја изневерил со 25-годишна Французинка, според тврдењата на извор за „Page Six“.

 Изворот тврди дека парот уште минатата година одлучил да живее одвоено, но сè уште се обидува да го спаси бракот, а кон крајот на мај биле снимени како уживаат на концерт на Бијонсе.

Нивниот брак наводно се нашол во криза откако француското списание „Voici“ објави фотографии на кои се гледа 45-годишниот поранешен балетан во друштво на 25-годишната климатска активистка Камил Етјен, инаку пријателка на Грета Тунберг.


„Не се разделени и се обидуваат да ги решат нештата. Бен прави сè што може за Натали да му прости. Тој ја сака неа и нивното семејство“, тврди изворот, додавајќи дека актерката е позната по тоа дека ја чува својата приватност и сега ѝ е најважно да ги заштити децата.

Американските медиуми пишуваат дека проблемите во бракот биле јавна тајна на снимањето на нејзиниот нов филм „May December“ кој се снимаше во јануари минатата година, а на промоцијата на филмот во Кан Портман се појави без сопругот.


За потсетување, Натали и Бенџамин се запознале во 2009 година на снимањето на филмот „Black Swan“, за кој тој ја работел кореографијата. Се венчаа во 2012 година и имаат 2 деца, 12-годишниот син Алеф и 6-годишната ќерка Амалија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг