Надал опериран во Барселона

Макфакс

03/06/2023

13:17

1.674

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал имаше успешна операција на колкот во Барселона, обидувајќи се да ја продолжи својата фантастична кариера.

Тој ќе го пропушти омилениот турнир во кариерата Ролан Гарос, но во моментов му е најважно комплетно да го санира проблемот и да се опорави.

Надал пред неколку недели најави дека следната година ќе му биде последна во кариерата. Тој би сакал да се врати на теренот на крајот на годината и да игра на Дејвис купот во ноември, а потоа и на Австралија опен.

Кариерата сака да ја заврши на Олимписките игри во Париз во август 2024 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг